Свет
27. October 2016 - 10:43

Двајца команданти од Ал Каеда убиени во американски воздушни напади во Авганистан

Двајца команданти на Ал Каеда беа убиени во американски воздушни напади во Авганистан, соопштија денеска локалните власти, јави ДПА.

Пентагон вчера соопшти дека извршил воздушни напади врз Фарук ал Катани и Билал ал Утаби во провинцијата Кунар во неделата, но се уште се анализираат резултатите од нападот. 

Извори во провинцијата сепак го потврдија извршувањето на нападите и смртта на Катани и Утаби. 

- Тие убија двајца членови на Ал Каеда и шестмина пакистански талибанци, изјави претставник на локалните власти.

Авганистанското Министерство за одбрана исто така ги потврди нападите, но нема информации за резултатите.