Двајца кичевци го нарушиле јавниот ред и не го почитувале полицискиот час
Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно две лица не ја почитувале забраната за движење во Кичево .Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Стефан Димоски. Тој исто така објасни дека вчера во атарот на кичевското село Осој, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Т.(22) врз М.Х.(20), двајцата од Кичево. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.
На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 103 лица во изолација од кои 11 во Кичево. Од страна на полициски службеници извршени се 80 контроли врз лицата во изолација, 11 контроли во Кичево. Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 300 лица, од кои 16 во Кичево. Полициските службеници извршија 24 контроли на угостителски објекти.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење