Македонија
17. October 2021 - 15:30

Двајца гостиварци се степале во близина на гласачко место

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, истакна денес портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

- Денеска (17 октомври) во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија“ во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше Ангеловски.