Македонија
22. August 2020 - 15:13

Двајца дебрани нападнале полициски службеник

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Е.Ј.(18) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 05.08.2020 на ул.„Братство Единство“ во Дебар, второпријавениот започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кратко време, во расправијата се вклучил и У.Ј., а подоцна и физички ги нападнал.