-->
-->
Двајца цивили загинаа во израелски напад врз централен сириски регион
-->
Сириските државни медиуми денеска јавија дека двајца цивили биле убиени во израелски напад врз централен регион на Сирија, додека еден цивил и шест војници биле ранети, пренесува Тајмс оф Израел.
Сириската противвоздушна одбрана, според медиумите, пресретнала израелски напад над сирискиот град Хомс.
Израелската воздушна агресија беше насочена кон делови од централниот регион, јави државната телевизија додавајќи дека во нападот се убиени двајца цивили, додека еден цивил и шест војници беа повредени.
Евидентирана е и материјална штета.
Израелската страна сè уште не го коментираше случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот