Македонија
1. October 2016 - 16:47

Двајца членови од ад хок телото со издвоено мислење: Нема основа за казна за Сител

Со издвоено мислење, дел од членовите на ад хок телото за медиуми го изразија своето несогласување со последната одлука за поднесување предлог за поведување прекршочна постапка против Сител за наводно неизблансирано во периодот од 12 до 21 септември.

„Во описот на прекршување се оценува дека трговското радиодифузно друштво телевизија Сител ДООЕЛ Скопје го прекршило член 75 став 1 од Изборниот Законик со начинот на известување за партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Потенцираме дека законот и со Методологијата на АВМУ не се определуваат доволно прецизни критериуми за радиодифузните друштва да можат да го прилагодат своето известување и не се прецизира меѓу кои политички субјекти треба да се постигне приближен баланс. И покрај тоа, квантитативните анализи извршени од Програмскиот Сектор на Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни Медиуми покажуваат дека трговското радиодифузно друштво телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, во периодот на мерењето од 12 до 21 септември 2016 година, во огромна мерка се постигнал баланс во покривањето на активностите на партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што се потврдува и со описот на прекршувањето.“ – стои во издвоеното мислење потпишано од членовите на ад хок телото за медиуми, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова.

И мониторингот на Агенцијата за медиуми на Зоран Трајчевски покажува дека во последниот извештаен период Сител постигнал идеална избалансираност на информативната програма. За разлика од останатите радиодифузери, Сител е единствениот медиум кој успеал да обезбеди 50-50 застапеност меѓу најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Чилиманов и Димишкова реагираат и на како што велат, фокусот на Агенцијата за медиуми врз само еден човек, односно главниот и одговорен уредник на Сител

Извештајот на Програмскиот Сектор на АВМУ за   посветува прекумерно внимание на работата на еден уредник и водител, што отвара прашања за неговата објективност, впечаток кој беше само засилен во комуникација со претставници на АВМУ. – стои во издвоеното мислење.