Македонија
15. May 2018 - 11:06

Двајца бугарски моторџии повредени на патот Градско - Прилеп

Вчера во 13 часот на автопатот Градско-Прилеп, мотоцикл „Сузуки“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од П.Г. (43) од Република Бугарија со сопатник М.Т. (33) од Република Бугарија, изгубил контрола и излетал од патот.

После тоа, возачот и сопатникот со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница Прилеп.

Кај П.Г. биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека кај М.Т. биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа.