Македонија
23. January 2018 - 9:54

Двајца бугарски државјани тешко повредени - со „ауди“ влетаа во коритото на Крива река

Вчера во 01.15 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Граничен премин „Деве Баир“ се случила сообраќајна незгода во која Е.Е.К. (27) од Република Бугарија, управувајќи патничко возило „Ауди 4“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил на земјената површина во речното корито на Крива река.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26), двајцата

од Р.Бугарија. На нив им била укажана лекарска помош во Јавна здравствена установа Здравствен дом-Крива Паланка, а по нивно барање заминале за понатамошно лекување во Република Бугарија.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.