Македонија
6. October 2018 - 10:48

Двајца бугарски државјани повредени во сообраќајка во делчевско

Вчера во 17:40 часот на место викано „Баткова чешма“ атар на село Драмче, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(33) од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.К.К.(21) од Бугарија.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото "Ауди" В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.