Свет
13. December 2016 - 10:56

Двајца Британци осудени на казна затвор поради финансирање на напаѓачот од Брисел

Британскиот суд осуди две лица за финасирање на Мохамед Абрини, преживеаниот напаѓач од аеродромот во Брисел во март оваа година. 

Закарија Буфасил (26) беше осуден на три години затвор, а Мохамед Али Ахмед на осум години затвор.

Пресудите ги донесе суд во јужен Лондон. Двајцата Британци му предале 3.800 долари на Абрини, кога тој го посетил Бирмингем во јули 2015 година.

Тие му ги дале парите за да ги употреби за терористички цели.