Балкан
7. April 2016 - 20:42

Двајца браќа осомничени за убиството извршено врз пејачката Јелена

Полицијата во Србија привела еден од браќата кои живееле само на 200 метри од местото каде е најдено телото на убиената Јелена Марјановиќ Крсмановиќ. Денеска по претрес на една куќа во Црвенка, на испитување е однесен млад човек со иницијали Игор Р. Полицијата трага по неговиот брат Н.Р.
 
Двајцата имаат полициско досие.
 
За сега полицијата вели дека момчето е во полиција однесен како граѓанин, кој можеби имал информации кои би помогнале кон расчистување на смртта и пронаоѓање на убиецот на Јелена. За сега, не е ниту осомничен ниту уапсен.
 
Истовремено од истото соседство на таков разговор се повикани уште најмалку четири момчиња.
 
Но, пред да биде пренесен во станица, куќата на момчето по чиј што брат се трага, била претресена од форензичари.
 
Неофицијално, сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ дошол тука еден час по исчезнувањето на Јелена, барајќи ги браќата да ги праша дали ја виделе.
 
Под лупа како можни сведоци се и скитниците и бескуќниците, заради можноста да биле во близина на местото каде е убиена пејачката.