Двајца браќа осомничени за напад врз полициски службеници во Струга
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца