Двајца аргентински капетани осудени на доживотен затвор за смртта на 30.000 лица
Двацата поранешни капетани на аргентинската морнарица Алфредо Асиц и Хорхе Едуардо Акоста осудени се на доживотна казна затвор поради злосторства против човештвото.
Тие се осудени за злосторства сторени од 1976 до 1983 година како воени команданти, кога мачеле и убивале стотици политички ривали. Осудените се меѓу 54-те лица кои се товарат за воени злосторства направени во Поморската механичка школа (Есма). Асиц, познат и како „Ангел на смртта“ одби да се извини на семејствата на жртвите.
- Организациите за човекови права се групи за одмазда и прогон. Никогаш нема да побарам простување, изјави тој во текот на судењето.
Асиц и Акоста, наречен Тигар, осудени се и во 2011 година на истата казна за мачење, убиства и прогон. На доживотна затворска казна осудени се 29 лица.
Повеќе од 30 илјади лица се убиени во воената завера која ја водеше генерал Хорхе Рафаел Видела, кој дојде на власт во 1976 година, најавувајќи дека ќе се справи со опасноста која ја носи комунизмот.
За време на седумгодишниот терор, левичарските активисти и обични граѓани беа илегално заробувани и убивани. Нив ги носеле во тајни центри за мачење и ликвидација, направени за време на „Валканата војна“.
Есма беше најголемиот аргентиски центар за измачување, кој во 2004 година беше претворен во музеј за човекови права. за време на тој период, најмалку пет илјади лица биле заробени во овој центар, од кои над 90 отсто веќе не биле видени. Некои биле застрелувани, додека други биле дрогирани и фрлани од авион во Атлантскиот Океан.
Судењето за тие злосторства почна во 2012 година.
Ново на Сител
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
-
Крадец фатен на дело во Прилеп
-
Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места