Македонија
19. March 2019 - 10:26

Двајца албански државјани приведени на Табановце

Синоќа во 23.00 часот на Граничниот премин „Табановце“ , при проверка на лицето Л.А.(22) од Република Албанија, било констатирано дека се наоѓала на листата со мерка „’забрана за влез’’ до 09.09.2020.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Истиот ден, половина час подоцна на Граничниот премин „Табановце“, на излез од РСМ, при проверка на лицето О.Е.(43) од Република Албанија, било констатирано дека лицето остварило илегален влез.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.