Балкан
22. October 2017 - 14:03

Двајца активисти на српска партија уапсени пред косовските избори

Двајца активисти на партијата Српска листа биле уапсени вчера вечерта во косовскиот град Гњилане во пресрет на денешните локални избори, и им бил изречен 48 часовен притвор, јавуваат српските медиуми.

Активистите биле осомничени за нудење поткуп. Членови на партијата протестирале пред полициската станица во Гњилане, а директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада Марко Ѓуриќ обвини дека апсењето е обид за заплашување на косовските Срби.

Во меѓувреме, косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика граѓаните да излезат и масовно да гласаат, велејќи дека од нивниот глас ќе зависи работата на неговата Влада. Харадинај успеа да формира Влада со тесно мнозинство по изборите во јуни, и исходот од локалните избори е прво посериозен тест за него.