Свет
22. December 2017 - 20:59

Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија

Дваесетина лица се повредени при судир на два воза во североисточна Австрија, соопштија властите.

- Несреќата се случи околу 18 часот по локално време, во близина на градот Критцендорф, изјави портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер.

Два вагона излегле од шините и се превртеле, а третиот е навален на една страна.

На местото на несреќата се испратени два хеликоптера.

Нема информации за причината за несреќата.