Македонија
10. July 2020 - 10:13

Дваесетгодишник од Криволак пријавил физички напад од постар соселанец

Дваесетгодишник од село Криволак ноќеска, половина час по полноќ, во Полициската станица Неготино пријавил дека кај училиштето во селото бил физички нападнат од 31-годишен соселанец.

Како што информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, немилиот настан се случил околу 00:15 часот.

Според Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.