Македонија
28. February 2019 - 22:00

Дваесет и три годишно момче убиено вечерва во струшко Поум

Едно лице почина, а едно е повредено вечерва во престрелка во струшкото село Поум.

МВР ја потврди информацијата за МИА појаснувајќи дека настанот се случил околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, кога У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973), а имало други лица.

Според полицијата, З.Б. починал, а В.Б. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.

Сторителот сам се пријавил во Полициската станица во Струга.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.