Свет
13. November 2017 - 15:15

Дваесет и три членки на ЕУ склучија договор за заедничка одбрана

Вкупно 23 земји членки на ЕУ денеска потпишаа документ за формирање заедничка европска одбрана, соопшти Советот на Европската Унија.

Предвидено е земјите потписнички на документот да работат на проектот за заеднички развој и за тесна соработка во областа на одбрната и безбедноста.

Документот го потпишан од Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Слованија, Шпанија и Шведска.

Кон договорот не се приклучија Велика Британија и Данска, кои не учествуваат по прашањата од сферата на одбраната на ЕУ, како и Ирска, Малта и Португалија, кои во последен момент решија да не го потпишат документот.

Согласно договореното, пристапувањето на овие земји кон спогодбата е можно во секое време.

Претстои Советот на Европската Унија да го утврди документот.