Дваесет и петгодишен жител на Дебреште извршил обљуба врз малолетно девојче
Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.
Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.
Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела. Побарал од неа да влезе во возилото со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која таа му ја испратила претходно на Фејсбук. Девојчето влегло во возилото, по што ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала отпор.
На 18 јули, повторно со уцена, ја принудил да влезе во возилото и заедно отишле во неговиот дом во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на девојчето и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами. Осомничениот, во една од собите, без согласност на оштетената извршил обљуба врз неа.
На 20 јули, криејќи се од полицијата, го донел девојчето во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил обљуба.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април