Балкан
13. May 2017 - 18:52

Дваесет и две лица во БиХ осудени поради заминување во војните во Сирија и Ирак

Дваесет и две лица се осудени во Босна и Херцеговина за кривични дела поврзани со заминување на странски воени фронтови во Сирија и Ирак, соопшти денеска босанското Обвинителство. 

- Во рамки на акцијата со шифрирано име „Дамаск“ Обвинителството на БиХ вложи интензивни напори заедно со партнерските полициски и безбедносни агенции во БиХ, земјите од регионот и агенциите од партнерските земји ширум светот, на спроведување детални и софистицирани истраги и собирање докази за заминување на државјани на БиХ на фронтовите во Сирија и Ирак и за приклучување во паравоените групи и структури на т.н. Исламска држава, се вели во соопштението.