Дваесет и четири лица загинаа во шумски пожар во Португалија
Најмалку 24 лица загинаа синоќа во шумски пожар во околината на португалскиот град Леириа, изјави португалскиот премиер Антонио Коста.
- Се соочуваме со ужасна трагедија. Досега е потврдена смртта на 24 лица, но можно е оваа бројка да се зголемува, изјави Коста во седиштето на португалската Цивилна заштита во Лисабон.
Претходно португалските власти ја потврдија смртта на 19 лица. Две лица беа прогласени за исчезнати, а 20 се повредени.
Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).
Околу 500 пожарникари и 160 противпожарни возила се мобилизирани и се бореа со огнената стихија во текот на ноќта.
Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката