Балкан
12. јуни 2019 - 12:07

Дваесет години од влегувањето на НАТО на Косово - по Клинтон во Приштина стигна и Олбрајт

Албанците на Косово денеска од 11 часот на главниот плоштад во Приштина ќе одбележат 20 години од навлегувањето на НАТО-трупите, односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“. Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

На денешен ден пред 20 години меѓународните трупи навлегоа на Косово, откако два дена претходно кај Куманово беше потпишана „Кумановската спогодба“, со што завршија бомбардирањата на НАТО врз тогашна СР Југославија.