Два страшни случаи ја тресат Босна: Дошол од Шведска на одмор, го пронашле мртов - за исчезнато девојче се трага
Узеир Шабановиќ (56) кој исчезнал пред два дена на подрачјето на Вогошча, пронајден е мртов во својот автомобил. Оваа информација ја потврдиле пријателите на семејството, а официјални информации ќе бидат познати во текот на денот. Полицијата во Сараево трага и по 16-годишно девојче Аделиса Челиќ.
Узеир Шабановиќ живеел во Шведска, а во Вогошча дошол на одмор. Последен пат е виден во четвртокот околу 14 часот во Вогошча во својот црвен џип и од тогаш му се губи секаква трага.
Полицијата во Сараево е во потрага и по 16-годишно девојче Аделиса Челиќ.
- Засега немаме информации за тоа каде се наоѓа. Екипите се на терен и интензивно трагаат по девојчето - кажале од полицијата.
Аделиса е девојче со посебни потреби, а последен пат видена е на 12. јануари во поладневните часови на подрачјето на општина Илиџ.
Нејзиното исчезнување пријавено е во полицијата, а нејзините родители молат сите кои имаат било каква информација веднаш да пријават во полиција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација