Балкан
29. September 2016 - 10:08

Два слаби земјотреси во близина на грчки острови

Слаб земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран североисточно од островот Алонисос, соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри, 47 километри североисточно од островот.

Слаб земјотрес од три степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран и во близина на Скијатос.

Епицентарот на овој потрес исто така бил во море на длабочина од 10 километри.