Два силни земјотреса утринава ја погодија Турција
Два силни земјотреса утринава го погодија регионот околу главниот град на Турција.
Првиот потрес бил регистриран во 9 часот утринава по локално време североисточно од престолнината Анкара. Неговата магнитуда изнесувала 4.7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од Анкара, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.
Три минути подоцна земјотресот бил проследен со вторичен посилен земјотрес во истиот регион, а неговата јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од четири километри под земјата.
До овој момент нема податоци, ниту информации, за евентуални жртви, настрадани или предизвикана материална штета.
Земјотресите биле почуствувани во Анкара и во соседните градови.
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил