Два региони во северна Италија гласаат за поголема автономија во однос на Рим
Италијанските региони Венето и Ломбардија денеска гласаат на необврзни референдуми во кои граѓаните треба да се изјаснат дали сакаат поголема автономија за нивните регионални власти во однос на властите во Рим.
Гласачките места се отворија во 7 часот, а гласањето трае до 23 часот. Исходот на референдумот е незадолжителен, но се очекува да влијае на политичката состојба во Италија, каде партијата Лига Север се залага за независност на индустриски поразвиениот север на земјата од посиромашниот југ. Сите десно ориентирани партии во Италија го поддржаа одржувањето на референдумот, иако повикаа да не се прават споредби со движењето за независност во Каталонија. И големата протестна партија Пет Ѕвезди, која моментално води на анкетите во пресрет на парламентарните избори кои се очекуваат во 2018 година, го поддржа одржувањето на денешниот референдум.
Регионалните власти на Ломбардија и Венето бараа поголеми оластувања во здравството, образованието и инфраструктурата, но и во контрола на границите, што станува едно од најважните прашања во Италија, која се најде притисната од големиот мигрантски бран од Либија.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто