Свет
10. February 2019 - 21:21

Два расистички инциденти во Германија: Нападнати три девојчиња мигрантки, ги удирале и ги влечеле за коса

Во Германија во текот на викендот се случиле два расистички мотивирани напади, а полицијата покрена истрага.

Најпрво во петокот вечер непознат маж вербално, а потоа и физички нападнал две сириски девојчиња (15 и 16) во Маркано.

Тој ги удирал по лице, поради што на девојчињата им е пружена помош во амбуланта.

Напаѓачот побегнал.

Во друг случај, непозната жена навредувала една 12-годишна мигрантка и се обидувала да и ја тргне марамата од глава, притоа влечејќи ја за коса, јавија германските медиуми.

Девојчето е полесно пворедено, а жената побегнала пред да дојде полицијата.