Два пожари во Крива Паланка
За неполни триесет минути денеска во Крива Паланка избувнале два пожари. Во едниот пожар се запалила шума, додека во вториот гореле вишнови дрвца.
- Дојавата за првиот пожар ја примивма во 14 часот и 17 минути, за запалена шума во местото Мезовски ливади. Според мештаните пожарот бил предизвикан од искрење на жици од далновод, поради појавата на ветар. Интервениравме со едно возило и двајца пожарникари, информира Иле Коцевски, командир на Територијална противпожарна единица Крива Паланка.
Додаде дека опожарени се 1,5 декари багрем, а пожарот е изгаснат во 16 часот.
- Втората дојава ја добивме во 14 часот и 40 минути, за помалку од половина час по првата. Запалени се родни дрвца-вишни во населбата Белево. Постоеше опасност пожарот да се прошири кон домовите во близина,но мештаните реагирале експресно и го изгаснале пожарот. Опожарени се еден ар вишни, рече Коцевски.
И двата пожари се на имот во приватна сопственост.
Од ТППЕ Крива Паланка апелираа со оглед на високите температури кои владеат да се почитуваат законските норми, да не се пали оган на отворено, да се внимава при ракување со зашалливи материи и доколку забележат пожар на време да го пријават.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска