Два пожара во Прилеп, повредено едно лице
Во Прилеп и во селото Дебреште, Долненско денеска избувнаа пожари, а во еден од нив едно лице е повредено. Пожарите се локализирани, велат од прилепската поротивпожарна единица. Во Прилеп изгоре покривната конструкција на куќа, а во селото Дебреште пожарот бил во кујна на угостителски објект каде според првичните информации бил повреден готвачот кој бил сам во кујната. Со приватно возило бил пренесен во Македонски Брод.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, пожарот во кујната на угостителски објект бил пријавен во 13:20 часот. Од се уште непознати причини се разгорел во кујната.
Според првичните информации брзата интервенција спречила пожарот да се прошири и за среќа не биле зафатени плинските боци во кујната, а лицето се повредило со вдишување на чадот. Причинета е материјална штета.
Во пожарот во Прилеп на улицата „Ѓоре Ѓорески“ број 18 во близина на прилепскиот Дом за стари лица изгорела покривната конструкција на семејна куќа.
– Интервениравме со три екипи со вкупно пет возила и имавме помош од јавните претпријатија „Водовод“ и „Комуналец“, бидејќи постоеше опасност пожарот да ги зафати соседните објекти. Нема повредени, но причинета е голема материјална штета, објаснува Стојчески.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација