Loading Video...
Ракомет
18. February 2020 - 16:36

Два порази на македонските кадети на Медитеранските игри

 
 
Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, настапува на Медитеранските игри што се одржуваат во Атина, Грција. 
 
Откако вчера прво беа поразени од Шпанија со 14-21, а потоа го совладаа Мароко со 21-17, македонските ракометни надежи денеска повторно одиграа два натпревари во рамките на Б групата. 
 
Избраниците на селекторот Матлиевски ги загубија двата меча. 
 
Во првиот во кој за противник ги имаа врсниците од Тунис загубија со два гола разлика 17-19, додека во вториот меч одигран попладнево нашите надежи беа поразени со три гола разлика 18-21 од селекцијата на Хрватска. 
 
И утре нашите кадети ќе одиграат два меча и тоа предпладне во 11 часот кога  за противник ќе ја имаат Црна Гора, а во терминот од 16 часот ќе го започнат мечот против Турците.