Фудбал
2. July 2020 - 10:21

Два пораза го делат Челзи до повторувањето на антирекордот во ерата на Абрамович

Екипата на Челси вчеравечер загуби од Вест Хем во мечот од 32. коло од шампионатот на Англија (2:3). За тимот предводен од Френк Лампард, овој пораз беше 10-ти оваа сезона.

Според „Опта“, само во сезоната 2015/2016, „сините“ загубија поголем број пати во Премиер лигата во ерата на Роман Абрамович.

Рускиот бизнисмен го купи Челзи во 2003 година. Неговиот тим пред четири години претрпе 12 порази и сезоната 2015/2016 ја заврши на 10. место.

Оваа сезона и покрај двоцифрениот број загубени средби, Челзи има изгледни шанси да се најде помеѓу четирите најдобри и со тоа да избори учество во Лигата на шампионите.

По 32 кола тимот е на 4. место со 54 бода.