Фудбал
28. August 2016 - 18:54

Два пенала во Тетово и победа на Шкендија

Фудбалерите на Шкеднија ја совладаа Победа со 3-1 во последниот меч од 4. прволигашко коло и најавија приклучок кон горниот дел на табелата  откако ќе го доиграат и натпреварот со Шкупи.  Домаќинот имаше доста проблеми со борбените гости  и дури досудениот пенал над Ибраими го отвори резултатот откако успешно реализираше Ибраими.  На 2-0 зголеми Алими  а потоа гол постигна и Имери за високи 3-0.  Во последните моменти од средбата Баже Тодоровски играше со рака а Шаркоски бие неодбранливо за конечни 3-1. 

Стрелци. 

Хасани 47’ п., Алими 73’, Имери 78’ - Шаркоски 90+3’