-->
-->
Два нови светски рекорди во Валенсија
-->
Џошуа Чептегеи од Уганда и Летесенбет Гидеј од Етиопија поставија нови светски рекорди во своите дисциплини на митингот во Валенсија.
Чептегеи постави светски рекорд на 10.000 метри. Новото најдобро време изнесува 26:11.02 минути. Атлетичарот од Уганда за повеќе од шест секунди го подобри претходниот рекорд на Кенениса Бекеле од 2005 година.
Пред два месеца Чептегеи му го „одзеде“ на Бекеле и светскиот рекорд на 5.000 метри.
Лудата ноќ во Валенсија ја надополни 22-годишната Гидеј, која го урна светскиот рекорд на 5.000 метри.
Таа постави време 14:06.62 минути. Новиот светски рекорд е за повеќе од четири секунди подобар од стариот, која го постави во 2008 година во Осло нејзината сонародничка Тирунеш Дибаба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во светот повеќе од 94 милиони луѓе заразени со Ковид-19
-
Од една до пет години затвор за лицето што го запали бугарското знаме во Вевчани
-
ВМРО-ДПМНЕ: Откако не и успеа манипулацијата со финскиот модел, Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен талибански начин
-
Активни 16.231 случај со Ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти
-
„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна
-
ЦДУ го бира наследникот на Меркел
-
Силен земјотрес регистриран во Татарски Теснец
-
Сообраќајот умерен, снег на повисоките места и во јужните и западните делови на земјата