Свет
23. March 2020 - 12:24

Два нови смртни случаи кај лекари заразени со коронавирус во источна Франција

Двајца доктори од Горна-Рајна и Мозел починаа во неделата од новиот коронавирус. Според клиниката „Дијаконат“ во Мулуз (Горна рајна), Жан-Мари Боегл, 66-годишен акушер-гинеколог, починал „како резултат“ на Ковид-19.

Во Мозел, Силван Велинг, 60-годишен лекар по општа медицина, почина во болницата Сен Аволд каде што беше примен во средата заради „респираторни проблеми“, рече Жилбер Вебер, градоначалник на комуната.

Вчера беше објавено дека во саботата почина и докторот ургентист Жан-Марк Разафиндранзи, 67 години во Компиењ.