Македонија
27. October 2017 - 16:54

Два нови случаи на заболени од морбили - во Грција малите сипаници ја зедоа првата жртва

Две лица на 30 годишна возраст заболеле од морбили минатата недела. И двајцата живеат во Скопје. Не биле потполно вакцинирани и имале контакт со претходно заболени. Од прогласувањето на епидемијата во Гази Баба кон средината на септември досега со мали сипаници регистрирани се вкупно 19 случаи. Повеќето се деца од неколку скопски општини кои не примиле ниту една доза од МРП вакцината. Во меѓувреме опасноста од ширење на заразата го зголеми опфатот на имунизација кој во главниот град беше околу 60 проценти.

- Изминатите години факт е дека имаме намалувањ ена опфатот со имунизација и не може да бидеме задоволни бидејќи треба да имаме над 95 проценти според препораките на СЗО, вели д-р Владимир Миќиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Опасните морбили ја земаа и првата жртва во соседна Грција. Од компликации од вирусот почина 11 месечно бебе. Смртен случај на дете заразено со мали сипанбици е регистриран и во Косово.