Македонија
6. August 2016 - 16:05

Два нови случаи на педофилија во источна Македонија - За среќа малолетните девојчиња избегале

Два педофилски напади за неполни 11 часа на Истокот. Вчера напладне во Свети Николе во влез од зграда 46 годишен сетиниколчанец со иницијали В.О. ги соблекол тренерките и полово зе задоволувал пред 9 годишно девојче кое се симнувало по скалите во ходникот. Девојчето се исплашило и побегнало, а по пријавувањето на случајот во полиција, педофилот е препознаен и утврден неговиот идентитет, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Истиот ден, во Кочани, 11 годишно девојче е нападнато од засега непознат сторител. Имено, како што информираат од полицијата, околу 22 часот на ул. Роза Петрова, врз девојчето е извршен полов напад со друго дејствие, на начин што педофилот и пришол од зад грб и со двете раци ја фатил и прилепил за себе во обид да ја силува. Девојчето почнало да вика за помош, го удрило со мобилниот телефон по глава и успеала да се оттурне од него и да се ослободи. Кочанската полиција интензивно работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачот.