Македонија
11. јуни 2020 - 12:19

Два нови случаи на Ковид-19 во гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион има два нови случаja. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, на тестирањата позитивни на Ковид19 се едно лице од Гостивар и едно од Врапчиште.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 32. Во општина Гостивар активни се 15, во Врапчиште 13, во општина Маврово и Ростуше четири. Седум од заболените се лекуваат во болница, а 25 во домашни услови.

Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 501 тестирање, а кај 54 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 27 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица во овој регион.