Македонија
23. August 2020 - 13:04

Два нови позитивни случаи на коронавирус денеска во Тиквешко

Два случаи позитивни на коронавирус се регистрирани денеска во Тиквешко.

Се работи за дваесетгодишна  росоманка и 47-годишен неготинец. Двајцата не знаеле од каде се заразиле, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.