Свет
11. May 2016 - 18:20

Два нови напада со автомобил-бомби - Најмалку 22 луѓе загинаа

Најмалку 22 луѓе загинаа во два нови напада со автомобил-бомби во Багдад, соопшти ирачката полиција.

Првиот автомобил експлодирал на влезот од квартот Хазимија, каде претежно живее шиитско население. Во нападот загинаа 15 лица, а 33 се повредени.

Втората автомобил-бомба експлодира во квартот Џамеја, западен Багдад, при што загинале седеуммина, а 20 се повредени.

За нападите се уште никој не презел одговорност.

Во текот на денот пикап со експлозив експлодира во багдадскиот шиитски кварт Садр, при што загинаа 64 лица, а десетици се повредени. За овој напад одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава.