Два мотори украдени во Скопје
Вчера А.А.(33) од Скопје пријавил дека на 14/15.04.2018 година на ул. „Аминта Трети“ непознат сторител го одзел неговиот мотоцикл „YIYING“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот со употреба на погоден предмет ја скинал сајлата со која бил обезбеден моторциклот, го одзел и заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и за пронаоѓање на мотоциклот.
Истиот ден М.Т. (47) од Скопје пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 14.04.2018 до 11.00 часот на 15.04.2018 година, од подрумски простории на ул. „Лихнида“ непознат сторител го одзел неговиот мотоцикл „Јамаха" со скопски регистарски ознаки. Сторителот влегол во гаражите, го одзел мотоциклот и побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 160.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата