Свет
14. September 2018 - 14:02

Два „монструми“ ги нападнаа Америка и Азија: Силните урагани Мангхут и Флоренс закана за милиони животи

од 4 милиони луѓе на Филипините се наоѓа на патот на опасниот тајфун Мангхут, додека на источниот брег на САД се доближува разорниот ураган Флоренс.

 
Тајфунот Мангхут има силина како ураган од петта категорија, а дува со брзина до дури 285 километри на час.
 
Земјите ширум источна и југоисточна Азија наредуваат евакуација, а додека на Филипините беснее Мангхут, Кина ја погоди тајфунот Баријат. 12 илјади луѓе се евакуирани од провинцијата Гуандонг.
 
Иако тајфунот Мангхут е поопасен, се верува дека ураганот Флоренс ќе донесе поголема штета затоа што погодува подрачја кои се населени и ќе разруши далеку повеќе инфраструктурни градби.
 
Мангхут веќе е на Маршалските острови на Пацификот и во Гуан предизвика поплави и снемување на електрична енергија. Овој тајфун е со иста силина како злогласниот Хајиан, кој во 2013 година однесе 6.000 животи.
 
На островите Црвениот крст прогласи вонредна состојба, а Дуерте, претседателот на Филипини одржа итен состанок.
 
На патот на опасниот тајфун е и Хонг Конг. Поради тоа многу летови од овој голем град ќе бидат пренасочени или откажани.
 
Обилните врнежи пратени со силен ветер веќе ја зафатија Северна и Јужна Каролина додека ураганот Флоренс од минута од минута се повеќе се приближува на источниот брег во САД.
 
Врнежите кои се надворешен дел од ураганот, тој ги донел до брегот, поплавени се патишта, а во некои делови се излиле реки. Околу 12.000 објекти главно на брегот на Северна Каролина останаа без електрична енергија.
 
Иако ураганот се спушти на категорија 2, тој останува опасен и непредвидлив, предупредуваат од Националниот центар за урагани. Предвидување дека со својата силина ќе удри на Кејп Фир во Северна Каролина во петок наутро по локално време и ќе донесе доста силни врнежи, пренесува Ројтерс.
 
Повеќе од десет милиони жители од три американски држави се предупредени на опасност од ураганот Флоренс, соопшти американската Национална метеоролошка служба.
 
Електроинженрска компанија „Дјук Енерџи“ соопшти дека поради ураганот без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна и Северна Каролина, пренесува АП.
 
Исто така, компанијата предупреди дека прекинот на снабдување со струја би можел да потрае со недели.