Два крвави напади врз средношколци кај Средното хемиско во Скопје
Вчера во 14.00 часот телефонски во ПС Аеродром, А.И. (51) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во Скопје на бул. „3-та Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, неговиот 17-годишен син, додека се возел со двајца негови другари во комбе на релација Куманово-Скопје, физички бил нападнат од пет до шест непознати лица, најверојатно ученици кои патувале во истото комбе.
Најпрвин му пришло едно од лицата и, откако го прашало нешто, го удрило со тупаница во пределот на главата, по што истиот паднал. Тогаш пришле и другите лица и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во близина на СУГС „Димитар Влахов“ малолетникот се симнал и настанот го пријавил на полициски службеници.
Од физичкиот напад лицето се здобило со повреди во пределот на главата и телото.
Во 16.30 часот, пак, во ПС Аеродром се јавил и И.Б. (45) од с.Долно Лисиче, скопско, кој пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 неговиот 17-годишен син заедно со неговиот другар физички биле нападнати од околу 20 непознати лица.
На автобуската постојка на бул. „3-та Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, во автобусот се качиле околу 20 непознати лица на возраст од 14 до 18 години. Неколку од нив почнале да го влечат неговиот син и кога го истуркале надвор физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на телото. После тоа се свртеле кон неговиот другар и почнале да го удираат со шлаканици по задниот дел на главата, но тој успеал да избега.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна