Македонија
4. July 2019 - 11:42

Два голфа се судрија кај Свиларе, двајца повредени

Ва во 07.15 часот на локалниот пат с.Кондово- с.Свиларе, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од с.Долно Свиларе, скопско и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(47) од с.Долно Свиларе.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот К.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од неговото возило И.С.(31).

Тие биле пренесени во Градската општа болниица “8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.