Loading Video...
Фудбал
12. April 2019 - 1:06

Два гола предност за Арсенал, Бенфика и Валенсија по првите дуели од четвртфиналето во Лига Европа

Во фудбалската Лига Европа, вечерва беа одиграни првите средби од четвртфиналето.
 
Екипите на Арсенал, Бенфика и Валенсија остварија предност од два, додека Челзи од еден гол по првите дуели од четвртфиналето. 
 
Во дербито на оваа рунда, одиграно во Лондон, Арсенал со 2:0 го победи Наполи. Стрелци на головите за „топчиите“ беа Арон Ремзи во 15.минута и Кулибали кој во 25-тата си постигна авто гол. 
 
Шпанското дерби и припадна на Валенсија која го победи Виљареал на гости со 3:1 благодарение на двата гола постигнати во судиското дополнение. Гостите поведоа во 6-минута со првиот гол на Гонсало Гуедес, а домаќините израмнија од пенал во 36-тата преку Санти Касорла. Кога сите очекуваа дека со нерешен резултат ќе заврши овој меч, прво Даниел Вас во 91-та, а потоа и Гуедес со својот втор гол во 93-тата минута и донесоа голема предност на Валенсија за реваншот на „Местаља“. 
 
Дури шест гола беа постигнати на мечот во Лисабон во кој Бенфика го победи Ајнтрахт со 4:2, во мечот во кој гостите од Франкфурт од 20-тата минута играа со играч помалку.
 
 
Фаворитот Челзи се изнамачи да стигне до победа на гостувањето во Прага каде со голот на Алонсо во 86-минута ја победи Славија минимално со 1:0. 
 
Реванш натпреварите ќе се играат следниот четврток.