Фудбал
21. December 2015 - 10:06

Два гола на Кандрева за победа на Лацио над Интер

 
Со двата гола на Антонио Кандрева, екиата на Лацо забележа победа над Интер со 2:1 во последниот натпревар од 17.коло на Серија А.
 
На средбата одиграна синоќа на „Џузепе Меаца’’ во Милано, гостите од Рим поведоа по само пет минути игра откако Антонио Кандрева го постигна својот прв гол на мечот. Сепак, Интер во вториот дел успеа да израмни преку Мауро Икарди во 61-минута. 
 
Во самиот финиш од мечот односно 87-минута, беше досуден пенал за гостите од Рим. Ударот на Кандрева од 11 метри домашниот голман Хандановиќ го одбрани, но топката повторно се врати до напаѓачот на Лацио кому од 5-6 метри не му беше тешко по втор пат да ја затресе мрешата на Интер и да ги постави конечните 2:1 за Лацио.
 
На останатите натпревари од ова коло, беа постигнати следниве резултати: Болоња – Емполи 2-3, Карпи – Јувентус 2-3, Аталанта – Наполи 1-3, Фиорентина – Киево 2-0, Верона – Сасуоло 1-1, Рома – Џенова 2-0, Сампдорија – Палермо 2-0, Фрозиноне – Милан 2-4 и Торино – Удинезе 0-1. 
 
Табела: Интер 36 бодови, Фиорентина 35, Наполи 35, Јувентус 33, Рома 32, Милан 28.