Loading Video...
Фудбал
19. јуни 2020 - 13:54

Два гола на Бензема во победата на Реал над Валенсија

Дерби средбата од 29.коло во шпанската Ла Лига го добија фудбалерите на Реал Мадрид кои со 3:0 ја победија Валенсија. 

Францускиот интернационалец Карим Бензема постигна два од трите голови за „Кралевите“. 

Во првиот дел односно 21.минута, гостите постигнаа гол сепак тој беше поништен поради офсајд, иако и по прегледувањето на ВАР снимката сомнежите останаа. 

На гол се чекаше се до 61.минута кога по акцијата на Азар, на вистинското место беше Бензема за водство од 1:0 

Марко Асенсио кој имаше долга пауза поради повреде за прв пат сезонава се најде во тимот на „Кралевите“, а веќе успеа и да постигне гол и тоа во 74.минута за водство од 2:0. 

На ефектен начин во 86.минута Бензема со вториот погодок ја запечати судбината на гостите од Валенсија, поставувајќи ги конечните 3:0.

Реал останува во трка со Барселона за шампионскиот трофеј „кралевите“ сега имаат 62 бодови два помалку од каталонците, 11 повеќе од третото пласираната Севиља. 

Вечерва пак стартува 30-тата рунда во која Севиља ќе ја пречека Барселона во средбата која ќе започне од 22.часот.