Балкан
9. November 2015 - 12:56

Два фериботи со бегалци и мигранти пристигнаа во Пиреја, се очекуваат уште три

Околу три илјади мигранти и бегалци денеска со два патнички фериботи пристигнаа во пристаништето во Пиреја.

Во текот на денот во Пиреја се очекуваат уште три бродови со бегалци и мигранти од островите во источниот дел на Егејското море.

Со фериботот „Блу Стар Патмос“ пристигнале 1.424 луѓе, додека на „Арианди“ имало уште 1.579 мигранти и бегалци од Лезбос и Киос.

Се уште не е познато уште колку луѓе треба да пристигнат со другите три бродови „Тера Џет“, Блу Стар 1“ и „Елефтериос Венизелос“.