Свет
16. јуни 2019 - 9:06

Два бомбашки напади во Сомалија, најмалку 11 загинати

Најмалку 11 лица загинаа, a 25 се ранети во два одвоени бомбашки напади во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Според властите експлозив поставен во автомобилот бил активиран од страна на бомбаш самоубиец, а меѓу загинатите, шестмина се припадници на безбедносните сили и една жена – висок претставник од армијата. Останатите петмина загинати се цивили, а при нападот биле повредени и двајца членови на сомалискиот Парламент.

Одговорноста за овој напад ја презеде исламистичката група Ал Шабаб, која е огранок на терористичката мрежа Ал Каеда во Сомалија.