Свет
6. December 2018 - 9:33

Два авиони на Маринскиот корпус на САД се урнаа кај брегот на Јапонија

Вкупно седум членови на екипажи се водат како исчезнати при уривање на два авиони на американскиот Марински корпус во морето кај брегот на Јапонија, соопштија американски претставници, додавајќи дека во тек е операција за потрага и спасување.

Авионите полетале од воздухопловната станица на Маринскиот корпус Ивакуни и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата, соопшти Маринскиот корпус.

Повеќе детали за инцидентот не се соопштуваат.